На саем за вино во Франција Македонија нема право на термините „македонско вино“ и „македонско лозје“

Здружението на производители на вино од северна Грција реагирале до организаторите на саем на вино во Франција за корекција на термините „македонско вино“ и „македонско лозје“, јави дописникот на бугарскиот весник „Труд“ од Атина.

На употребата на овие термини реагирале и од службата за трговски и економски прашања од грчката амбасада во Париз, по што организаторите на саемот за вино „Citadelles du Vin” пристапиле кон замена на термините за вина од Македонија.

„Поради фактот дека терминот ‘Македонија’ е заштитен географски поим на Грција за вина произведени во регионот Македонија, дадените термини го нарушуваат acquis communautaire во однос на статутот и грчките власти (Министерството за надворешни работи и Министерството за развој на селските реони и за храна) ги презедоа неопходните чекори кон организаторите, но и кон други органи и служби во Франција”, се вели во соопштението на Здружението.

Инаку во Преспанскиот договор за ова прашање меѓу другото пишува: „Двете страни се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво”.

Ова значи дека самостојното истакнување свој амблем не е против Преспанскиот договор, но трајните законски решенија треба се дефинираат преку меѓународната експретиза.

мкд.мк