На 80 тестови позитивен на ковид – Турчин 14 месеци во изолација

Коронавирусот е како жена бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом бидејќи имам големо срце, вели 56-годишниот Музафер Кајасан од Истанбул кој 14 месеци е позитивен на сите направени тестови за ковид.

Музафер кој пред неколку години имаше трансплантација на коскена срцевина поради леукемија повеќе од една година е во карантин, а минатата недела и на 80-тиот ковид-тест излезе позитивен. Тој ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат за да го намалат притисокот во болниците.

Сè додека тестовите се позитивни, Музафер не може да се вакцинира, но негова најголема желба во моментов се малку поблаги мерки на изолација.