Новинарот Адеми – Секирата ми беше на 5 сантиметри од мојата глава и ми велеше дека сум пратен од партија за да правиме вести против Алијанса на Албанците

Секирата ми беше на 5 сантиметри од мојата глава, залудни беа убедувањата дека не сме дојдени за лошо, насилникот ме фати и ме турна по скалите, раскажува новинарот Невриј Адеми се уште видно потресен откако вчера беше нападнат од жител на гостиварското Ѓурѓевиште, каде вчера со неговиот колега снимаа прилог за училиштето во ова село.

Најпрвин сакаше да ме нападне со едно железо, но потоа ја зеде секирата од школскиот двор со која претходно работеше служителот. Сето тоа се случуваше пред очите на учениците и преплашените наставници.

Повеќе од сторијата на ММС на линкот подолу

Насилникот кој бркаше новинари со секира по 24 часа пуштен од притвор – Адеми го моли обвинителството за презеде мерки – ММС (mms.mk)