Обвинителката Кадриу пред разрешување

Дисциплинската комисија во Јавното обвинителство одлучила да ја суспендира и разреши од фунцијата јавен обвинител во ОЈО Тетово обвинителката Лејла Кадриу, дознава Алсат. Од Обвинителството не кажуваат детали.

„Дисциплинските постапки се спроведуваат доверливо, на начин со кој не се нарушува честа и достоинството на јавниот обвинител. Од тие причини, не сме во можност да споделуваме информации за исходот од постапките против кој било јавен обвинител“, велат од Обвинителство.

Сепак, одлуката на дисциплинската комисија не е финална. За тоа дали обвинителката Кадриу ќе биде разрешена ќе одлучи Советот на јавните обвинители кој има такви ингеренции. Алсат контактираше со обвинителката Кадриу, но таа не беше запознаена за одлуката на дисциплинската комисија и не сакаше да коментира. Дисциплинската постапка беше покрената пред повеќе од една година по протестите на жителите на Синичани кои бараа чиста вода за пиење. Во јули 2020 – та година населението на шарпланинските села Синичане и Урвиќ влегоа во конфликт околу ексклузивноста на изворот за снабдување со вода и изградба на водовод. Обвинителката Кадриу тогаш дојде на местото на настанот и ја растеруваше полицијата пак која не дозволуваше да дојде до судир меѓу двете групи на граѓани. За присуството на полицијата Кадриу телефонски реагираше и кај Оливер Спасовски, кој во тоа време беше технички премиер. До ден – денеска не стана јасно кој ја пратил обвинителката Кадруи во Синичане и дали и какви предистражни дејствија таа преземала таму. Дисциплинската комисија беше формирана уште наредниот ден, но за одлука се чекаше повеќе од година и пол.Инаки, Кадриу е и дел од тимот на петее јавни обвинители кои работат на предистаражната постапка за тоа како настанал пожарот во Ковид модуларана болница во Тетово.