Ограбена спортска обложувалница во Тетово

Вчеравечер (6 февруари) во 23 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека околу 21 часот и 30 минути машко лице од спортска обложувалница на улица „Маршал Тито“ во Тетово со закана кон вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање  на случајот.