Ограбил маркет во Гостивар – неколку часа подоцна полицијата го фатила

35-годишен гостиварец е уапсен поради кражба во маркет.

-Вчера околу 15.45 часот на улица „Гоце Делчев” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(35) од Гостивар поради сомнение дека околу 11.55 часот со употреба на сила кон вработената одзел пари од маркет на улица „Драге Тодоровски” во Гостивар, велат од полицијата.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.