Пендаровски : Храброста и пожртвуваноста на Мартин Милетиќ од Тетово заслужуваат огромно признание и восхит

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во тетовската населбата Колтук каде разговораше со Мартин Милетиќ, 25 годишник кој успеа да спаси од пожар негов 50 годишен сосед.

Пожарот се случи на 28 јануари, а при тоа 50 годишниот жител на Тетово доби изгореници.

-Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед. Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит, порача претседателот Стево Пендаровски.

Младиот Мартин во петокот околу 19 часот во моментот кога видел дека огнот се разгорува, а неговиот сосед е се уште во куќата, тргнал да го спасува. Иако мајка му го одвраќала од намерата, тој продолжил порачувајќи дека или двајцата ќе излезат или никој.