Пленковиќ: Санкциите за Русија не се последната порака што Европа ќе ја испрати

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по речиси целовечерната седница на Европскиот совет и усвоените заклучоци за специјалната воена акција на Русија во Украина изјави дека ова секако не е последната порака што Европа ќе ја испрати.

„Заклучоците на ова ниво беа усвоени веднаш, по половина час состанок. Со цел да се испрати порака за единство. Текстот го одразува заедничкиот консензус на земјите-членки по бруталната агресија и руската инвазија на Украина“, изјави Пленковиќ за новинарите во Брисел.