Приведени три лица од гостиварско за издржување на затворски казни

На 20.02.2022 во периодот од 10.20 часот до 17.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар, како и во гостиварски Балиндол, ги привеле гостиварците Б.С.(43) и Е.Љ.(27), и Б.Ј.(25) од с.Балиндол. За нив биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворски казни. Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.