Разузнавачите на САД дознале дека наредба за инвазија е веќе издадена

Повеќе информативни куќи како Си-ен-ен, Си-би-ес и Вашингтон пост, добиле разузнавачки информации од неколку агенции на САД според кои од Кремљ веќе наредиле почеток на очекуваната руска инвазија на Украина.

САД предупредуваат дека инвазијата може да започне секој момент. Од Стејт департментот и од Пентагон ова го повторуваа повеќепати во изминатите десеттина дена.

Најновиот „интел” говори за дадена наредба до тактичките команданти и агентите на терен, и ова е еден од неколкуте индикатори набљудувани од САД за проценка дали Русите се во нивната конечна фаза за можна инвазија, наведува Си-ен-ен.

Веста за ова доаѓа откако американскиот претседател Џо Бајден во петокот изјави дека верува дека Путин „донел одлука” да нападне. Истиот коментар беше повторен вчера од потпретседателката Камала Харис и од државниот секретар Ентони Блинкен.

-Веруваме дека претседателот Путин донесе одлука, рече Блинкен за Си-ен-ен. Додаде дека сепак, на дипломатјата и се дава последната шасна „во обидите да се преубеди претседателот Путин се до моментот кога тенковите не стркалаат и авионите не одлетаат”.

Блинкен има планирано средба со рускиот министер за надворешни Сергеај Лавров закажана за неделава в четврток, како последна надеж за изнаоѓање дипломатско решение. Официјални лица на САД стравуваат дека до тогаш Русија би извршила инвазија на Украина.

-Како што кажа претседателот, веруваме дека Путин ја има донесено одлуката и точка, изјави Харис за новинарите во Минхен вчера пред да се врати во Вашингтон, а по средба со лидери како украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Поради сериозноста на ситуацијата Бајден ги откажа планираните патувања во неделата и попладнето свика итен состанок на Националниот совет за безбедност, на кој учествуваа министерот за одбрана Лојд Остин, Блинкен, Харис, советнкот за национална безбедност Џејк Саливан и други блиски советници од најтесниот круг.

Сите тие беа вратени од Минхенската конференција за безбедност каде зе викендот дискутираа со своите европски сојузниици што да се прави понатаму околу украинската криза.