Поминаа 32 години откако алпинистот Борче Јовчески од Велес го изгуби својот пријател, спортски другар, Димитар Илиевски Мурато на Хималаите под највисокиот врв во светот Монт Еверест, објави ММС
Но и по повеќе од три децеии и големиот шок кој го доживеа тој и цела држава, Борче не се откажува од планините, снегот и минусните температури.
Екипата на ММС го затекна на скијачкиот центар Попова Шапка, овој пат како дел од спасителната служба, која се грижи за безбедноста на скијачите и бордерите.
На своја 64 годишна возраст се сета опрема на ветер снег и магла, со скии ги контролира терените и беспачето на Шарската убавица, која знае да биде многу сурова.
-Ние се грижиме за скијачите, имам чамец за повредените и друга разна опрема. Треба да се внимава, има многу метални санки, а некои скијачи возат малку со поголема брзина и на тоа треба да се внимава, раскажува Јовчески за ММС.
Трагедијата вели која се случила на Хималаите, не го спречила и понатаму да се дружи со планините.
Целата сторија на ММС подолу на линкот