Столтенберг: Руската инвазија во Украина ќе создаде „нова Европа“

NATO flag flutters during the celebration of the 15th anniversary of Lithuania's membership in NATO in Vilnius, Lithuania March 30, 2019. REUTERS/Ints Kalnins - RC1967A89600

Европа се соочува со нова безбедносна реалност по руската инвазија на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, потврдувајќи ја одлуката на Алијансата да ги активира одбранбените планови во Источна Европа, јави ДПА.

-Тоа ќе биде нова Европа по инвазијата што ја видовме денеска, рече Столтенберг на прес-конференција по вонредниот самит на НАТО.

Столтенберг изјави дека Русија испланирала „ладнокрвна“ инвазија додека НАТО се стреми кон дипломатско решение за украинската криза, додавајќи дека Алијансата нема намера да испраќа сили во Украина, откако Русија го нападна нејзиниот прозападен сосед.

-Немаме војници на НАТО во Украина и немаме никакви планови да испратиме војници на НАТО во Украина, рече Столтенберг на прес конференцијата по итниот состанок на амбасадорите на Алијансата.

Тој предупреди дека рускиот напад врз Украина ќе влијае на односите на Москва со НАТО.