ТВ Алсат: Арачиново 20 години не наплаќало данок на имот, немале софтвер

Најмалку две децении во Арачиново не се наплаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок. Некои од градоначалниците за Алсат изјавиле дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.

Градоначалници на Арачиново

-Мурат Ајдини, ПДП еден мандат

-Решат Ферати, ДПА еден мандат

-Музафер Бислими, ДУИ еден мандат

-Басри Бајрами, НД еден мандат

-Брахим Ајвази, ДУИ еден мандат

-Миликије Халими, СДСМ еден мандат

-Ридван Ибраими, ДУИ АКТУЕЛЕН

„Не најдов софтвер кога го добив мандатот. Уште кога ја презедов општината ја знаев нејзината финансиска моќ, но успеав да направам одлична работа. Нашите проекти се видливи. Актуелниот градоначалник треба да се занимава со работа, а не со празни муабети“, изјави Миликије Халими- поранешен градоначалник на Арачиново.

„Да ви кажам право, како што наоѓаа другите, така наследивме и ние, па немавме софтвер. Ниту ние не успеавме, па го пренесовме така. Секој градоначалник, така што, остана. Како што кажавте – зошто не го направивте тоа, цел проблем ми беше тоа што буџетот е ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, а не да направиме нешто надвор од тоа“, нагласи Брахим Ајвази-поранешен градоначалник на Арачиново.

„Колку што знам, немавме софтвер. Едноставно е пресметано преку секторот за урбанизам.“

Дали сте се обиделе да го инсталирате софтверот?

„Немавме софтвер, но се обидовме да направиме пресметки преку секторот за урбанизам“, истакна Басри Бајрами поранешен градоначалник на Арачиново.

Актуелниот градоначалник на Арачиново Ридван Ибраими вели дека веќе инсталирале софтвер и е обучен тим за регистрација на имотите на терен. Сепак, колку сериозно ќе се реши ова прашање ќе се види во иднина.

„На некој начин обвинети се сите жители на Општина Арачиново. Мислам дека неправедно се обвинети, односно во општината не е инсталирана даночна програма. Ако ја откријам оваа информација за нашата општина, мислам дека е и срамно тоа што го дозволуваа раководителите во минатото“, рече Ридван Ибраими – градоначалник на Арачиново.

Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

извор: Алсат