Тензична атмосфера во Собрание на Комисијата за образование

Тензична беше атмосферата во Собранието денеска на седницата на Комисијата за образование.

Поради несогласувања на опозициските пратеници и претседателката на комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред на седницата, таа даде еден час пауза.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, кои собрани пред претседателката обвинија дека таа го крши Деловникот.

-Имаше процедурални забелешки и останавме на тоа. На списокот има упте многу колеги коишто се немаат процедурално изјаснето. Што направи денеска претседателката. Започна со дневен ред, а дневниот ред не е усвоен. Тврди дека е усвоен, ние во меѓувреме бараме снимка и велиме дек не е усвоен. Значи грубо прекршување на Деловникот во Собранието, кажа пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Влста тврди дека ВМРО-ДПМНЕ го покажала вистинското лице.

-ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето лицемерие и негрижата за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисоки плати, кажа претседателката.