Тетовец ја нападнал сопругата, мајка му го пријавила во полиција

Тетовец ноќеска завршил со лисици на рацете откако неговата мајка го пријавила во полиција.

Имено, околу 1 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 44-годишниот тетовец М.К., кој вечерта околу 23 часот и 30 минути бил пријавен од неговата 71-годишна мајка дека околу 21 часот вербално и физички ја нападнал сопругата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.