ТТК банка спречи напад на хакерска група „Моќна грчка армија

Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК банка. Синоќа имаше обид за хакерски упад на интернет страницата на ТТК Банка. Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР, соопшти утрово ТТК банка. Хакерската група „Моќна грчка армија” вчера објави дека извршиле упади во неколку македонски банки.

Грчките хакери на твитер објавија дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК Банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.