Утре навршуваат три години од страшната несреќа кај Ласкарци

Утре, 13 февруари се навршуваат три години од страшната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ кој возеше на релација Скопје-Гостивар.

Имено, околу 17 часот по се уште не утврдени причини се преврте автобусот.

Автобусот ја загуби контролата и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

16 од патниците ги загубија животите, а 35 од нив поминаа со тешки повреди.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска на својот Фејсбук профил посочи дека утре во 13:30 часот ќе биде положени цвеќе на местото на трагедијата, во селото Ласкарци.

Тој додава дека во 17:30 часот ќе се соберат заедно кај паркот на градскиот плоштад, во спомен на жртвите од оваа трагедија.