Фетаи од АА: Кој ги штити одговорните за „Беса транс“, Ласкарци, Тетово ако не мафијата СДСМ-ДУИ?

Шефот на Одделот за евроинтеграции на Алијанса за Албанците, Арбен Фетаи, ги посочи виновниците за тоа што нема одговорност за 70 човечки жртви во трагедиите со автобусите на „Беса транс“ и на „Дурмо турс“, како и од модуларната ковид-болница во Тетово.

Речиси три месеца од трагедијата на ‘Беса транс’ во Бугарија.

Шест месеци од трагедијата во Ковид-клиниката во Тетово.

Три години од трагедијата на ‘Дурмо турс’ кај Ласкарци.

Седумдесет загубени животи во нехумани околности.

Нула одговорност.

Кој ги штити одговорните ако не мафијата СДСМ/ДУИ?“, прашува Фетаи на Твитер.