фото вест -Верижен судир на неколку возила пред Влада

Попладнево се случи сообраќајна несреќа на Илинденска ББ, пред Влада. Според фотографиите испратени од екипата на Телма, станува збор за верижен судар на неколку возила. Повредени нема, но повикана била и Брза Помош. Првите неофицијални информации се дека еден од учесниците во сударот бил и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој е во владата и не е повреден. Во Влдата во тек се преговорите меѓу претставниците на ССМ, владините претставници и економско-социјалниот совет каде се расправа за висината на минималната плата.

Се уште нема официјална потврда од МВР за сообраќајката.