Храбри Руси на антивоени протести во родниот град на Путин (ВИДЕО)

Во родниот град на Владимир Путин, Санкт Петербург, синоќа беа организирани масовни протести против војната во Украина.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа толпа луѓе кои се собраа во Санкт Петербург држат транспаренти кои говорат против руската инвазија на Украина, пишува Business Insider.

 

До 22 часот по локално време, повеќе од 1.400 луѓе беа приведени во Русија на протестите во 51 град, но протестите продолжија, соопшти групата ОВД-Инфо. Најмалку 378 демонстранти се приведени во Санкт Петербург.

https://twitter.com/i/status/1496931553305317383

 

ОВД-Инфо наведува дека полицијата наводно ги тепала демонстрантите, односно употребила сила. Неколку стотици демонстранти биле уапсени и во Москва, објави Индекс.

 

https://twitter.com/i/status/1496966250060206088