АЛСАТ – Во Тетово продолжува „цутот“ на казината, eднa е отворенa во близина на градинката

0
21

Во време кога се бара отстранување на спортските обложувалници во близина на училишните згради и другите јавни институции, во Тетово се отвора казино во дворот на градинката „Ринија“. Родителите изразуваат револт зашто никој не ги зел в предвид нивните поплаки.

„Не гледаат да направат нешто добро за учениците, да им ги исполнат условите, еве што прават, во меѓувреме видете како е, ниту да го регулираат, ниту да стават игри за деца, финансираат во валкани пари. Ги оставија луѓето без леб.

„Kаде да се жалиш. Одете каде сакате, било во полиција или во општина, нема ништо“.

„Ние како институција сме против отворањето на ова казино. Се обративме со допис до ресорното министерство и ги информиравме за ова, но од Министерството за труд и социјална политика нема одговор. Има реакции од родителите кои се против отворањето на ова казино. Сакавме да одржиме протест но не ни дозволија на работен ден во близина на градинката, очекуваме да го одржуваме за викенд“, изјави Бурхан Исени – Директор на детска градинка „Риниа“ Тетово.

Движењето против коцкањето најави масовни протести.

„Ова што се случува сега не бара многу зборови, новороденото дете директно се соочува со коцкање, ова е без преседан“, движењето против коцкањето.

Според информации на Алсат, протестот на родителите и движењето Анти коцкање се очекува да се одржи викендов, пред дворот на градинката „Ринија“ во Тетово.

АЛСАТМ