АРСОВСКА ЗА ТВ 24: НЕ МОЖЕ ДА И СЕ ДАВА СИТНО НА ОПШТИНИТЕ, А ДА СЕ ОЧЕКУВА ТИЕ ДА РЕАЛИЗИРААТ ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ

0
23

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во емисијата 24 анализа рече дека со децентрализацијата општините добиваат малку сретства и ова сега кое е во собраниска процедура е скалесто зголемува во период од неколку години. Дел од општините немаат сретства за развојни проекти.

– Не може да и се дава ситно на општините, а да се очекува тие да реализираат големи проекти. Не се детектира проблемот зошто тие имаат со години наназад големи долгови во општините. Големи се долговите на локалната самоуправа. Имаше над 80 милиони евра долгови па владата им помагаше и покри дел со 51%, но останаа на половина на долговите кои се дуплираа. – рече Арсовска.