Ахмети: Билал Касами со обвинувањата против Теута Арифи да се обрати до институциите

0
21

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети ги коментираше обвинувањата на актуелниот градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, за злоупотреба на буџетот во оваа општина од страна на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

– Ако господинот Билал Касами има аргументи за кои зборува, има институции, има тела кои можат да ги покренат овие прашања. Не би сакал прашања од дневната политика да добиваат политички терен, да оцрнуваат личности, да оцрнуваат политички партии да користат неаргументирани работи во правен процес, рече Ахмети.