Бадијала е се, првин треба да се реши проблемот со дивата депонија која го загадува воздухот, велат тетовци за фотонапонската централа.

0
18

Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово ќе биде првата економска зона во државата, чии производствени капацитети ќе работат на обновливи извори на енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска беше во посета на зоната во Тетово, каде се промовираше проширување на прозводствен капацитет на една од фабрките во склоп на зоната, најави дека при крај се со постапката за изградба на фотонапонска централа.

-При крај сме со подготвките, економската зона во Тетово да стане првата зелена зона на ниво на државата и регионот. Ќе се започне со дополнителни инвестиции во делот на нови капацитети на електрична енергија од обновливи извори за потребите на компаниите кои оперираат во склоп на зоната. Сето ова ќе покаже дека јавното – приватно партнерство ги дава очекуваните резултати, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Подолу на линкот целата сторија на ММС

„Бадијала е се, треба прво да се реши дивата депонија што го загадува воздухот“, велат тетовчани за фотонапонската централа – ММС (mms.mk)