Брутална снимка: Со возило собори демонстрант на протестот кај Палатата Србија/ВИДЕО

0
35

Инцидентот што се случи околу 13 часот во близина на Палатата Србија, кога несовесен возач собори еден од демонстрантите, фрли сенка на протестот против ископување на литиум, објави српската Нова ТВ.

Еколошки активисти денеска го блокираа Нов Белград пред Палатата Србија.

Станува збор за граѓани кои претходно шест дена кампуваа пред Претседателството, барајќи целосна забрана за ископ на литиум и бор во Србија.

Денешната блокада и протест беа организирани по повод Денот на државноста и доделувањето на ордените во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.