Велешанката која го уби сопругот-полицаец во самоодбрана ќе одговара за „Убиство на миг“

0
35

За убиство во миг – Велешкото обвинителство ја гони велешанката која во самоодбрана си го уби вонбрачниот партнер.

Полесното кривично дело за убиство за кое се одговара од една до пет години затвор и се става на товар на 23 годишната Пале Иловска. Т

Taа смртно го прободела со нож својот сопруг кој беше полицаец додека тој врз неа извршувал семејно насилство.

Според обвинителството лани на 29 септември во куќата каде живееле се вратиле од гости но 40 годишниот Александар Ристовски бил пијан и започнал вербална расправија со девојката нарекувајки ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници по главата и телото, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.

Девојката давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот. Таа од настанот е во притвор а сега со поднесување на обвинение се бара негово продолжување.

Инаку Телма веќе објави дека убиениот полицаец имал и две условни пресуди за тешки кривични дела, но останал во полицијата бидејќи судот му изрекол условни казни, а не затворски од над 6 месеци.

Во првиот случај Ристовски пијан возел пребрзо низ градот и со автомобил се качил на тротоар каде прегазил 6-мина тинејџери на малолетна возраст.

Второто дело го сторил при оставинска постапка кога и се заканувал на сестрата на Пале дека ќе ја задави, односно дека ќе ја запали жива со се куќата во која живеела. И за ова добил условна пресуда.