ВИДЕО | Завршија преговорите меѓу Русија и Украина

0
34

Според пишувањата на медиумите, преговорите меѓу Русите и Украинците се завршени.

Украинската делегација на преговорите бара повлекување на сите руски војници, вклучително и Крим и Донбас – изјави советникот на шефот на претседателскиот кабинет Арестович.

Преговорите меѓу Русија и Украина започнаа денеска во регионот Гомел, потврди руското Министерство за надворешни работи. Делегациите беа пречекани од Владимир Макеи, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

https://twitter.com/i/status/1498253897747603459

„Можете да се чувствувате целосно безбедни. Тоа е наша света должност!“, рекол Мекеј, пренесува „Украинска правда“.

Весникот наведува дека почетокот на средбата бил емитуван на интернет, но дека преносот подоцна бил исклучен на барање на руската страна.

Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата Леонид Слуцки. , според Тас с.