Владата подготвува раст на пензиите, но и финансиска помош за пензионерите

0
23

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите е паушален и е даден само поради тоа ВМРО да покажат дека учестуваваат во овој процес, меѓутоа ако овој предлог не се базира на никаква методологија и на никакви анализи, а спротивно на тоа ние веќе работиме на утврдување на методологија која што ќе овозможи одржливо и долгорочно покачување на пензиите бидејќи пензионерите заслужуваат да бидат наградени, односно да имаат достоинствени пензионерски денови, после толку години минат труд и придонес во градењето на нашата држава“, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на денешното закројување на лозје во тиквешкиот регион.

Ковачевски вели оти уште во неговото експозе, при изборот на новата Влада, зборувајќи за економските политики, пензиите биле едно ое ветувањата. Владата, вели, веќе крои стратегија за утврдување на методолигијата за раст на пензиите, а дејалогот се води со Здруженијата за пензионери, институциите на државата и други заинтересирани страни.

„Веќе работиме и на пакет помош, односно финансиска помош за пензионерите, која ќе ја определиме врз основа на анализи и која ќе им биде дадена на пензионерите за полесно справување со енергетската и со економската криза“, рече премиерот Димитар Ковачевски.