Во Тетово куп пријави за напади од бездомни кучиња

0
22

Само за месец јануари во СВР Тетово се пријавени 6 каснувања од бездомни кучиња, а во 2021 се пријавени 112. Повеќето од половината од пријавените случаи се во тетовското подрачје.

 

 

Минатата недела тројца граѓани пријавиле случаи на каснување од бездомни кучиња во тетовската полиција, додека според информациите лиферувани на социјалните мрежи имало уште повеќе случаи. Пријавите поднесени во полиција се само за една улица.

 

 

– Во периодот од 16:30 до 17:45 часот (5.02.2022/Сабота) бележиме три случаи на каснувања од бездомни кучиња кои се случиле на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово. Станува збор за 40-годишен тетовец, 23-годишна жена од Беловишта и 41-годишна жена од Нераште, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Од Општина Тетово велат дека оваа година издвоиле финансиски средства, но дали е објавен тендер и кога ќе започне третирањето на кучиња скитници, до овој момент не даваат подетални информации.

СП