Гостиварец се заканувал на поранешната девојка и на нејзината сестра, а физички нападнал и 19 годишник

0
27

СВР Тетово соопшти дека вчера (20 февруари) во 11 часот и 10 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 23-годишен гостиварец, кој во 12 часот бил пријавен од  неговата поранешна девојка дека нејзе и на сестра и‘ им се заканувал, а физички нападнал и 19 годишник од гостиварско, кој бил со нив во угостителски објект на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар.

Во врска со овој случај  поради негова инволвираност бил приведен уште еден гостиварец на возраст од 32 години.

Полицијата извести дека се расчистува и документира случајот.