Градоначалничката Арсовска и архитектите се скараа за Универзалната сала

0
35

Градоначалничката и денеска кажа дека салата ќе им се сруши на Скопјани, а Бујар Мучa пак вели дека такво нешто е невозможно, велејќи дека и Арсовска ги има препроектираните документи.

Прес-конференцијата за безбедноста и проектот за реконструкција на Универзална сала започна со подавање на рака помеѓу министерката за култура Стојчевска и градоначалничката Арсовска , заврши со јавна расправија и обвинувања пред медиумите, каде што беа вклучени и стручните лица.

Министерката посочи дека проектот пред одобрување ги поминал сите релевантни институции.

-Универзална сала веќе седум години е вон функција, јас сметам дека како еден објект кој што го преставува срцето на Скопје, треба да се надминат многу разлики и да се продолжи со проектот кој што е веќе постоен и одобрен.–Стојчевска .

Арсовска пак обвини дека дел од проектантите ги бранат интересите на СДСМ, а министерката Стојчевска дека прави шоу.

-Прво сакам да и напоменам на министерката дека на ваков начин шоу не се прави.Значи целиот извршен одбор на СДСМ да го донесете тука исти ќе бидат аргументите, констатирано е претходното градско раководство тука, дека ова што го имаме тука како проект не е безбедно.-Арсовска.

Проблемите во проектите се детектираат секојдневно и на истиот начин се решаваат, па архитектите велат дека градоначалничката ја навредила целата фела врз основа на податоци во време на изградба.

Градоначалничката и денеска кажа дека салата ќе им се сруши на Скопјани, а Бујар Мучa пак вели дека такво нешто е невозможно, велејќи дека и Арсовска ги има препроектираните документи.

Оној кој што ќе излезе и ќе каже дека е небезбедно, треба да изенесе факти и да каже зошто е небезбедно, воедно да се покаже и кој архитект потпшиал таква анализа и порача на Арсовска, претседателката на собранието на асоцијацијата на архитекти на македонија Искра Јанковска Михајловска.