Два часа по средбата со Швајцарската амбасадорка Касами објави дека е позитивен

0
17

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами преку социјалните мрежи информираше дека е позитивен на Ковид-19. Додека е во изолација дел од обврските ќе ги исполнува од дома.

-Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против Ковид со самоизолирање. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје, напиша Биљал Касами.

Инаку објавата на градоначалникот на Тетово Биљал Касами на својот официјален Фејсбук профил следува само два часа откако претпладнево имаше средба со амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероника Хулман.