Димитриевски: Османи не е соодветен за функцијата кога се дискутира за македонско национално прашање

0
19

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24 ја коментираше изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека С. Македонија не може да застане позади Македонците, поради тоа што тие се бугарски граѓани.

-Еве, ќе одговорам со поставување на прашање кон господинот Османи, доколку тоа во Бугарија не беа Македонци туку беа Албанци, дали ќе имаше ваква изјава? И тука лежи одговорот зошто господинот Османи не е најсоодветната личност да биде на оваа функција во овој момент кога се дискутира за едно круцијално, национално прашање на македонскиот народ“, рече градоначалникот на Куманово.

Тој смета дека тогаш немало да биде тој одговор, туку тој ако се воделе од националните афинитети и аспекти и ќе давал поинакви изјави.

-Ние тоа не им го наметнуваме дали се тие Македонци, Бугари, Срби, Грци, Албанци или нешто друго. Тоа е лично чувство. Матичната држава нема право да се меша по тоа прашање. Но, видете, Балканот е мешан. Колку пати сме оделе во Бугарија на скијање, во Банско, во Благоевград и ќе чуете од многу граѓани „па и јас сум Македонец“, се пеат, се интерпретираат македонски песни, зошто тогаш не им оставите можност и право на тие луѓе ако се декларирате како демократска држава да се самоопределат, рече Димитриевски.