ДИМОВСКИ ЗА ТВ 24: РАБОТОДАВАЧИТЕ НЕ САКААТ ДА ОДВОЈАТ ОД КАПИТАЛОТ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ПОВЕЌЕ РАБОТНИЦИТЕ

0
33

Дарко Димовски од ССМ во емисијата 24 анализа рече дека во моментот потрошувачката кошница изнесува 35 040 денари, а минималната плата во моментов изнесува 15 194 денари.

– Тоа значи дека едно семејство во кое двајца земаат минимална плата не може да го преживеат месецот. Минималната плата е загарантирана категорија за егзистенција на еден работник или коефициент 1. Според членот 8 од законот за минимална плата, треба скалесто да се доуредат и останатите плати, согласно зголемувањето на минималната плата. Работодавачите не сакаат да одвојат од капиталот за да ги платат работниците. – вели Димовски.