ДКСК ПРЕДЛАГА КРИВИЧНА ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА БОРЧЕ ЃЕОРЃИЕВСКИ

0
16

Државната комисија за спречување на корупција побара кривично да се гони ексградоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, бидејќи во 2020 година издал дозвола за градба на обејкт, пуштен во употреба во 2019 година, а за кој две години се издавале решенија за отстранување на бесправно изграден објект.

Заменик претседателот на ДКСК, Нури Бајрами образложи дека Геогриевски бил запознаен со случувањата, бидејќи од 2018 го 2019 година на секоја седница на општинскиот совет се разговарало за тоа.

Георгиевски исто така не одговорил на барањата на антикорупционерите да испрати документација за овој случај, па со случајот се запознале од новиот градоначалник, Бобан Стефковски.

Без да образложи дали под притисок, Бајрами посочи дека надлежниот инспектор ја напуштил функцијата во општината, информација која ДКСК ја добила од вработени во општина Гази Баба.