ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЕД НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО

0
21

Повеќемесечниот меѓународен натпревар за квалитет на мед „Тетovo Honey Awards 2021“ заврши со одлука за најдобрите производители и нивно наградување, но без пригодна манифестација поради пандемија. Сите дипломи, медали и пехари организароторите им ги доставија на победниците преку пошта. На натпреварот учествуваа пчелари од 22 држави од три континенти со вкупно 355 мостри на мед и други пчелни производи.

-Поради пандемијата од Ковид-19 и воведените протоколи и оваа година, за жал, на сите учесници се одлучивме да не се организира манифестација за доделување на медалите, односно тие се достават на сите учесници преку брза пошта. Овој натпревар се карактеризираше со големо присуство на мед од медлика, но изостанаа медот од сончоглед, уљена репица како и висока планинска ливада од која имаше многу мал број на мостри, информира Владимир Петровски, еден од организаторите.

На годишниов натпревар беа доделени шест шампионски титули за групи на медови во кои имаше пристигнато примероци од повеќе од десетмина учесници (за да се додели шампионска титула потребно е да има повеќе од 10 мостри од еден вид на мед).

-Така овогодишните шампиони на – ,,Тетovo Honey Awards 2021,, се: Владимир Трајчевски од Ресен – Македонија за мед од медлика, Џемил Адеми од Скопје – Македонија за цветен мед, Пчеларство„Салај“ од Улцин-Црна Гора за костенов мед, Срѓан Николиќ од Власотинце – Србија за багремов мед, Пчеларство “Граинца“ од Урошевац-Косово за ливадски мед и Гезим Халими од Корча-Албанија за мед од детелина, изјави Петровски.

Ова беше третиот меѓународеннатпревар за квалитет на мед-„Тетovo Honey Awards 2021“ кој е организиран од страна на здруженијата на пчелари „Полошки Мед“ и „Градот на пчелите“ во пaратнерство со Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Како и секоја година собраните примероци на мед во декември беа поделени на ученици во Тетовско и Кичевско.

МИА