Додик: Србите денес имаат две држави

0
44

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска во Орашац изјави дека Денот на државноста на Србија во Република Српска се доживува како заеднички празник.

„Во Република Српска овој ден го славиме како свој. На Србија гледаме како на татковина. Србија ни дава гаранции и засолниште, помага и охрабрува“, рече Додик.

Додик истакна дека Србите отсекогаш носеле слобода на другите народи и дека „нашите предци ги поставиле темелите на она што денес е модерна цивилизација“.

„Тука се среќаваме и го одбележуваме нашиот заеднички празник, празник посветен на Првото српско востание, денот кога Србите во посветената борба за слобода кренаа востание и почнаа да ја градат српската државност и слобода за сите што живеат овде“, рече тој.

Додик рече дека Србите денес имаат две држави,  Република Српска и Србија.

„Србија, која е гарант на мирот и безбедноста, која ја сакаме и се радуваме на сиот нејзин напредок, Србија која е гарант за опстанокот на сите Срби“, нагласи Додик и се заблагодари на Србија за помошта и разбирањето.