Еврејската група „Лев Тахор“ од Куманово е префрлена во Скопје

0
17

37 члената група на еврејската верска заедница „Лев Тахор од кои 18 се малолетници од денеска се во Скопје, потврдија од МВР, со апел дека оваа група е безопасна со сите потребни документи за престој на територијата на Македонија.

Дали оваа група освен што по надворешниот изглед со начинот на облека се разликува само по тоа или има и друго во начинот на нивниот стил на живеење? Професорот по социологија Зоран Матевски од Филозофскиот факултет објаснува дека станува збор за фундаментална еврејска организација која сака да се врати кон корените на јудеизмот. Но, повеќе во јавноста се контрадикторни по тоа што вршат притисок за договорени бракови кај малолетници со нивни членови и многу често завршуваат и на судење.

Она што во денешно време создава голем страв и паника, а Македонија важи за најтолерантна држава Во Европа за различни вери и народи е начинот на информирање за вакви групи. Кога ќе се напише Лев Тахор на интернет се појавуваат информации кои создаваат страв, вели професорот Матевски.

Лев Тахор на петти Февруари пристигнаа во Куманово. Тие предизвикаа реакции дури и во куќите каде беа сместени биле гаѓани со јајца. Припадниците на оваа група изјавија дека ќе заминат, бидејќи не се чувствуваат безбедни. Лев Тахор е еврејска религиозна група основана во 1988 која во моментот се состои од 250 членови. Честото селење е типично за групата, па така освен во Македонија и Босна и Херцеговина, одреден период престојувале во САД, Канада, Израел и Романија.