Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка вечерва на патот Прилеп-Градско

0
19

Едно лице од Прилеп загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско.

Според првичните информации на МВР дадени за МИА, сообраќајката се случила во 17:55 часот помеѓу товарно возило со полуприколка и автомобил „голф“. Загинатиот бил возач на автомобилот, Д.К. (1982) од Прилеп, кај кого смрт била констатирана во 19:30 часот.

Две лица, пак, со повреди и се пренесени во Клинички центар во Скопје.

Увидот на местото на несреќата е во тек.