Единствениот парк во Тетово во руинирана состојба

0
17

Бетонизацијата и урбаното лудило во Тетово се вообичаена слика. Но и тоа малку зеленило кое го има во градот е во катастрофална состојба. Единствениот парк во Тетово кој беше обновен пред неколку години, според фотографиите направени од екипата на ТЕЛМА говорат за ниската еколошка свест на граѓаните, но и негрижата на властите за единствениот парк во Тетово. Искршени клупи, смет, остатоци од стакла на пешачките зони, искршени реквизити.

Од Општина Тетово ни одговорија дека врз основа на Планот за јавна чистота во Општина Тетово, Одделот за парк и зеленило при ЈКП ТЕТОВО, редовно  врши одржување на зелените површини.Со подобрување на временските услови ќе се превземат сите неопходни мерки за уредување на овој парк, согласно програмата за работа на претпријатието.

 ТЕКСТ И ФОТОГРАФИИ Телма