ЗЕЛЕНСКИ: НЍ РЕКОА ДЕКА 16 ФЕВРУАРИ Е ДЕНОТ КОГА ЌЕ НÈ НАПАДНАТ

0
19

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред Украинците на својот фејсбук-профил изјави дека среда може да биде денот на руската инвазија, а тој ден ќе го прогласи како ден на украинско национално единство, јави Ројтерс.

Тој не кажа кој го навел датумот 16 февруари, но неколку американски новински организации минатата недела објавија дека Вашингтон верува оти тоа е датумот кога руските сили ќе бидат подготвени, доколку Путин даде наредба за инвазија.

„Тие ни велат дека 16 февруари ќе биде денот на нападот. Ние ќе го направиме ден на единство.Тие се обидуваат да не исплашат со уште едно именување датум за почеток на воената акција, рече Зеленило во видео обраќање.