Какви санкции донесе западот против Русија??

0
33

Санкции за 351 член на рускиот Парламент кои гласаа за признавање на независноста на Луганск и Доњецк, дополнително и 27 други лица и организации, кратење на пристапот на Русија до европските финансиски пазари и ограничување на европскта трговија со сепаратистичките региони. Ова накратко се првичните санкции кои ЕУ го воведува кон официјална Москва. Тие стапуваат на сила уште вечерва или најдоцна утре, потврди францускиот министер за надворешни работи. Брисел во овој момент нема да преземе санкции директно против Путин, но не е исклучено тоа да се случи во иднина.

-Пакетот санкции усвоен од ЕУ против Русија по признавањето од страна на Москва на два сепаратистички ентитета во источна Украина ќе стапи на сила денеска навечер или утре. Имаше многу брзи реакции од Европејците, координирани со Американците, Британците.

И од другата страна на Атлантикот пристигнаа првите мерки против Москва.

Американската влада објави санкции против две големи руски банки, го ограничи тргувањето со руски државни обврзници и донесе сет мерки против поддржувачи на Путин и нивните семејства. Ова е само почеток најави Бајден. Уште построги санкции ќе следат ако продолжи репресијата врз Украина, кажа американскиот претседател. Во САД се разгледува можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем „Свифт“.

Против санкциите кон Русија експлицитно се постави Кина, која смета дека нема потреба од такви чекори.

Македонската Влада пак, се уште гради став околу санкциите.