Касами: Активисти на ДУИ се гоштевале на сметка на Општина Тетово

0
18

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами  синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека со пари на општината се плаќале ручеци за активисти на политичката партија ДУИ.

На пример, имаме сметка од 80,000 денари за ручек на кои биле партиски активисти на ДУИ. По објавувањето јавно на договорите на дело неколку луѓе ми се јавија, како на пример за овој случај каде ми рекоа дека тие не направиле никаква услуга за општината туку наплатиле за ручек кој изгледал како партиски ручек. Значи, се плаќале тие ручеци преку договор на дело, вели Касами во „Click Plus“ на ТВ21.