КАСАМИ И МИЦКОСКИ ПРОТИВ КОЦКАЊЕТО

0
17

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот и Биљал Касами по денешната средба во Тетово изразија поддршка за Движењето „Антикоцкање“ и порачаа дека се залагаат за, како што рекоа, спас од коцкање и игрите на среќа.

За Касами и Мицкоски, коцкањето е порок и не е добредојден во општеството.

-Ние како политичка партија и локална власт сме заинтересирани да се тргнат сите вакви бизнис активности од територија на Општина Тетово. Сигурно треба со закон тоа да се регулира, како ќе бидат организирани овие активности, како е во некои други држави, се да биде онлајн или да бидат во одредени места со одредени услови. Ваквот начин на живеење на некои луѓе мора да го тргнеме од нашите деца, од луѓе кои имаат изгубено богатство само ради тоа што на секоја улица има казина, истакна Касами.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е конзервативна партија.

-Му препорачувам на секој човек да се одвикне од таков порок што влијае на менталното и физичкото здравје. Ние сме конзервативна партија и ги почитуваме тие вредности. Морам да напоменам дека има политичари кои користат вакви оправдувања, а во позадина имаат силни бизнис интереси, истакна Христијан Мицкоски.