Касами: Секојдневно откриваме нови бисери на претходната управа

0
22

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во емисијата „Економски магазин“ проговори за кривичната тужба што оваа општина ја подготвува против претходното раководство.

Тој рече дека е трагично-комична ситуација што ја доживуваат во Општина Тетово, нагласувајќи дека секојдневно констатираат финансиски злоупотреби што ги правеле нивните претходници.

„Секојдневно откриваме нови бисери на претходното раководство во однос на злоупотребите кои се направени со јавните финансии со парите на граѓаните. Во оваа насока, симболично е прашањето за исплата на луѓе кои не им направиле ниту услуга на граѓаните, а се платени од нивните пари. Има над 500 граѓани, не сите тетовци, кои се платени со парите на тетовчани и кои веројатно не знаат каде се наоѓа зградата на Општина Тетово, ниту кои се потребите на тетовчани. Ангажиравме правен тим кој подготвува  тужба против претходното раководство и секако дека ќе бараме овие средства исплатени неправедно и без исполнување на обврските кон граѓаните да се вратат“, рече Касами.