КОБНА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО: Жртва-млад Охриѓанец

0
28

Кобна сообраќајна несреќа однесе во смрт 30 годишно момче од Охрид.

Како што се наведува, несреќата се случила 30 минути по полноќ кај село Подмолје, кога се судриле два автомобили „aуди“ и „фолксваген поло“.

Жртва во случајов е возачот Х.К. кој го управувал полото, 30 годишник од Охрид додека, возачот на аудито се здобил со тешки телесни повреди и во моментов е на клиниката оротопедија и травматологија „Свети Еразмо”.

Како дошло до кобниот судир и повеќе детали се очекуваат од надлежните.