Ковачевски: Безбедноста на Македонија е стабилна, Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина

0
28

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски преку статус се огласи на Фејсбук во врска со случувањата меЃу Русија и Украина.

-Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир. Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбденоста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојбата, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба, пишува Ковачевски.

Владата, пишува премиерот, како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.