КОВАЧЕВСКИ МУ ВРАТИ НА АГАТАНГЕЛ: СЕКУЛАРНОСТА НА ДРЖАВАТА Е НАЈВАЖНА

0
19

Премиерот Ковачевски му одговори на прозивките на владиката  Агатангел кој во свој јавен настап повика на промена на власта и враќање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која според него била најсвета партија.

На ова пак Ковачевски денеска му возврати  дека  секуларноста на државата е најважна, а политичките изјави на свештени лица не заслужуваат внимание и коментар.

Вчера од овие изјави на повардарскиот митрополит се огради и Синодот на МПЦ од каде посочија дека тоа се само негови лични ставови. Настапот на Агатангел не е прв и единствен од ваков тип во кој тој јавно ги искажувал своите лични ставови за одредени општествени и политички прашања но овој пат ова предизвика лавина од реакции и кај познавачите на црковните прашања, но исто така и кај дел од политичарите откако на истиот настан присуствуваше и министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој исто така не му остана должен на владиката и му порача дека е штетник кој го урива угледот на црквата по што го напушти настанот. На истиот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој пак не препозна ништо спорно во оваа изјава.

Повардарскиот митрополит ќе остане запаметен и по наредбата која ја издаде на неговите свештени лица да ги прскаат улиците со света вода на почетокот на пандемијата проптив Ковид 19.

Премиерот Ковачевски му одговори на прозивките на владиката Агатанѓел кој во свој јавен настап повика на промена на власта и враќање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која според него била најсвета партија. На ова пак Ковачевски денеска му возврати дека секуларноста на државата е најважна, а политичките изјави на свештени лица не заслужуваат внимание и коментар.

ТВ 24