Ковачевски со критики до градоначалниците: Ветувањата дадени во изборната кампања, не се реализираат

0
19

Премиерот Димитар Ковачевски не е задоволен од работата на градоначалниците бидејќи, како што денеска изјави, ветувањата дадени за време на изборната кампања, воопшто не се реализираат.

– Доминантно, власта во локалните самоуправи ја освои опозицијата и тие мора да бидат свесни за својата одговорност. Од она што можам да го видам е дека ништо не се прави во општините. Јас живеам во градот Скопје каде што гледам дека ветувањата што беа давани во текот на кампањата воопшто не се реализираат. Единствено нешто што добиваме од градоначалниците е барања за помош, меѓутоа од другата страна не постои никаква иницијатива од нив да се вклучат во справувањето со енергетската и економската криза, изјави Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешното закројување на лозјата во Росоман, Ковачевски упати критика до градоначалниците кои во време на криза ги правеле буџетите на општините без притоа да предвидат кризни програми за справување.