Конфискувани машините на фабрика во Тетово, има предмет во суд, за сопственикот налогот е нејасен

0
18

Финансиската полиција ја конфискувала машини на фабриката за вода „ И ам Ватер“ во Тетово. Сопственикот Авни Тачи, тврди дека налогот за конфискување е нејасен бидејќи ова фабрика веќе една недела не работи.

„Дојде Финансиска полиција со нов налог и ја блокираше фабриката целосно, скоро 7 дена ја блокираа фабриката со нејасен налог, тука беа долго време и денеска дојдоа со друг налог да ги земат машините бидејќи сум работел без дозвола. Јас имам договор за концесија кој го добив од повисоките државни инстанции. Владата е таа која ги составуваат сите други документи и јас целата документација ја комплетирав и доставив до суд,“ вели Тачи.

Компанијата веќе има судски предмет. Од тетовскиот суд велат дека постапката е во фаза на разгледување и дека следното рочиште е закажано за 3 март.

Кривичното дело за овој случај е врз основа на член 225 од Кривичниот законик, односно против законска експлоатација на минерални извори, а постапката е во фаза на главно разгледување, претходно е покренато обвинение и е во фаза на главно разгледување. Следното рочиште е закажано за 03.03.2022, каде ќе бидат испрашани експертите предложени од странките.

Во текот на денешниот ден Финансиската полиција ги конфискувала и возилата на оваа фабрика.